Хроника
Повреден возачот на камионот што излета кај клучката Хиподром
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово од 13:30 часот е нормализиран.
Од 9 часот денеска сообраќајот на клучката кај Хиподром беше во прекин поради сообраќајка каде товарно моторно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина.
Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
октомври 24, 2025

