Скопје
Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, утрово на социјалните мрежи сподели дека добил покана за дебата на телевизија Телма. Тој соопшти дека ја прифаќа поканата за дебата, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.
„Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток.
Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат.
Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени“, напиша тој на социјалните мрежи.
октомври 24, 2025

