Скопје
Митески: Ќе го исчистиме Аеродром, ангажиравме повеќе од 10 камиони за транспорт на отпад

Поради неспособноста на градот Скопје и тоталниот колапс којшто настана со менаџирање на отпадот од страна на домаќинствата во главниот град, како општина побаравме помош и добивме помош од повеќе општини во околината на Скопје и општествено одговорни компании.
Ангажиравме повеќе од 10 машини, камиони за транспорт на отпад коишто во текот на наредните денови ќе работат интензивно се со цел отстранување на отпадот од улиците, од контејнерите, од домаќинствата.
Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи по кривичната пријава поднесена од општина Аеродром веќе преземаа конкретни активности со цел утврдување на одговорноста.
Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Како општина ќе продолжиме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните и оваа грда, неубава слика која што ја имаме во главниот град и во општина Аеродром да стане минато.
октомври 23, 2025