Connect with us

Скопје

Лукровски: Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски смета дека работата на сегашниот градоначалник не се чувствува во ниеден сегмент и оти со неговото доаѓање ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење во општината, се наведува во вечерашното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– На телевизија „Алфа“ во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните, пишува во соопштението.

Лукровски истакнал дека води „со 1.530 мислам гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден нов концепт, нови практики“.

– Во Карпош имаме два фронта, фронт на потрошени играчи, фронт на непринципиелни коалиции, фронт кои не му мислат добро на граѓанинот, кој сите овие години ги распродаде парковите на Карпош и имаме од другата страна една опција, која е во моментов добитничка, кон која јас верувам дека ќе се приклучат сите граѓани и ќе направиме една опција која ќе ја врати довербата во граѓаните, изјавил Лукровски.

Тој тврди дека „Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите“.

– Господинот Јакимовски, е четири мандата, ова што е во последниве четири години, ние не ја чувствуваме работата на општината, на општинските тела, на комуналните служби, во било кој сегмент да допрете. Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите. Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош. Колку партии, колку функции, колку сојузи има направено за да остане на власт, 30 и повеќе години е човекот на државна функција. Бројките зборуваат, сите граѓани кои му мислат добро на Карпош, ќе ја дадат поддршката за оваа опција, додал Лукровски.

Тој најавил дека ќе се формира јавно претпријатие „Карпош план“, што „ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, сѐ со цел Карпош да биде граден плански во интерес на граѓаните“.

– „Карпош план“ ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби, Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што има простор за училишта, за паркинзи, не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае, домување да, меѓутоа не згради. „Карпош план“ може да функционира, не само во делот донесување ДУП-ови итн., значи ќе ни помогне во легализацијата, имаме проблем со легализациите, по 15 години луѓе чекаат за легализации, се менуваат генерации, значи стареат луѓе со проблемот на легализацијата. Така што верувам и ќе направиме моќен „Карпош план“ заклучил Лукровски.