Connect with us

Култура

Во Виница 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вечер ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија.

Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат Кино сојузот на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории, кои се занимаваат со филмска дејност.

На 54. ДФНФ 2025 година се натпреваруваат филмови во 5 категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм, кои ќе се борат за златен, сребрен и бронзен медал. Предвидени се награди и за авторите на филмовите, информираше Александра Давиткова, директор на виничкиот Дом на културата..

Официјалните проекции на 54. ДФНФ 2025 започнуваат во 19:00 часот во Кино салата на Дом на култура „Тошо Арсов“ во Виница.

Според програмата на фестивалот, од наградените аматерски филмови ќе се изберат неколку кои ќе ја претставуваат нашата држава на Светскиот фестивал за непрофесионален филм на УНИКА во 2026 година.