Connect with us

Скопје

Костовски: Бутел добива два нови мега паркови

Почитувани граѓани на општина Бутел, За време на следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови, вели во изјавата за медиуми на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Едниот ќе го изградиме во населеното место Радишани, поточно близу трет влез.

Вториот мега парк ќе го изградиме близу булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во населеното место Бутел 1.

Двата парка ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 метри квадратни.