Connect with us

Хроника

Притвор за 30-годишен Скопјанец за кривично дело „тешка кражба“

Притвор е одреден за 30-годишно лице од Скопско Глумово поради кривично дело „тешка кражба“, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– На 14 октомври во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје го лишија од слобода М.А., на возраст од 30 години, од село Глумово, Скопско, поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. По насока на јавен обвинител, лицето беше задржано во полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал, во координација со ОЈО – Скопје, на 15 октомври е изнесено пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка – притвор, се појаснува во соопштението.