Хроника
Повторно обид за измама за наводно случена сообраќајна несреќа регистрира СВР Куманово

Уште еден обид за измама за добивање средства за наводна сообраќајна несреќа регистрира СВР Куманово.
– Вчера околу 09:30 часот во ОВР Кратово, 79-годишна жена пријави дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но таа се посомневала во точноста на информацијата и пријавила во полиција, соопшти СВР Куманово.
Од почетокот на октомври имаше неколку обиди за измама, последниве два беа регистрирани минатата работна недела, но и во двата случаи, лицата се посомневале дека станува збор за измама.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.
октомври 16, 2025