Култура
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто

Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува денеска со зборовите и визијата на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Ченто е предводник на македонската групација која се залагала за создавање широк македонски народноослободителен фронт, ослободување на целата национална територија и обединување на Македонија, создавање самостојна независна македонска национална држава со демократско уредување, при што не се исклучувала можноста за нејзино пристапување, како суверена држава, во една идна балканска или југословенска федерација.
Во ноември 1943 година станува претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и во тоа својство оди на островот Вис како член на македонската делегација која пред југословенското раководство и Тито го поставила прашањето за обединување на македонскиот народ.
Како прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто има значење во изградувањето на новата македонска власт и држава, впрочем АСНОМ се конституираше како највисок народноослободителен одбор, како претставник на суверенитетот на македонскиот народ и највисок државен орган во Македонија.
октомври 16, 2025