Connect with us

Хроника

Две лица од Куманово пријавиле закани и напад при делење изборен материјал

Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија.
Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал, соопшти МВР.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.