Хроника
Приведен 38-годишен маж од велешко поради физички напад на својата малолетна ќерка

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, синоќа, постапувајќи по претходна пријава лишиле од слобода 38-годишен маж од велешко поради физички напад на својата ќерка.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, нападот се случил во неговиот дом во 18:05 часот, каде ја нападнал својата малолетна ќерка и се обидел да употреби дрвен предмет, но, како што рече, бил спречен од неговата мајка.
Ѓаковска додава дека за настанот е известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес и по документариње на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
октомври 15, 2025