Connect with us

Свет

Во Сеул ќе се изгради првиот цивилен бункер отпорен на нуклеарен напад

Јужнокорејските власти планираат до 2028 година да изградат прв цивилен бункер под комплекс за јавни станови во Сеул, кој ќе може да издржи нуклеарен напад, за да се заштитат од заканите од Северна Кореја.

Предвидено е да се изгради засолниште за 999 домаќинства, дизајнирано да издржи нуклеарни, биолошки или хемиски напади.

Бункерот во подрумот на станбениот комплекс ќе се простира на 2.147 квадратни метри, ќе може да смести до 1.020 луѓе истовремено и ќе биде опремен за 14-дневен опстанок.

На минатонеделната воена парада Северна Кореја ги претстави своите најнови балистички ракети способни да носат нуклеарни боеви глави до цели во Јужна Кореја или дури и во САД.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг изјави дека најреалниот начин за намалување на ризикот од Северна Кореја е да го замрзне производството на нуклеарни бомби и ракети, но Пјонгјанг досега ги отфрли дипломатските понуди.

Во Јужна Кореја има речиси 19.000 нуклеарни засолништа, од кои 3.200 се во Сеул, но поголем број од нив не се изградени за заштита од нуклеарни, хемиски или биолошки напади. Тие се наоѓаат претежно во метро станиците или подрумите и паркинг гаражите во приватни резиденции и канцелариски згради.