Свет
Мадуро ја нарече добитничката на Нобеловата награда за мир вештица

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ја нарече добитничката на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо „демонска вештица“.
Околу 90 проценти од населението ја отфрла демонската вештица Сајон, наведе Мадуро алудирајќи на одмаздољубивото суштество од венецуелските легенди, но без да го спомене името на Мачадо.
Венецуелската Влада често ја нарекува Мачадо „демонска вештица Сајоне“.
Сакаме мир и ќе го имаме, но мир со слобода, со суверенитет, посочи Мадуро за распоредувањето на американски бродови во Карипско Море, во рамките на борбата против трговијата со наркотици, обвинувајќи го венецуелскиот претседател дека раководи со картел.
октомври 14, 2025