Connect with us

Свет

ЕК: На Вархеји не му е познато дека Унгарија се обидувала да регрутира шпиони меѓу вработените на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера пред да отпатува на својата турнеја на Западниот Балкан, имаше средба со еврокомесарот за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји во врска со наводите за постоење на наводна унгарска шпионска мрежа во институциите на ЕУ, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.   

– Претседателката го прашаа комесарот дали е запознат со какви било обиди за регрутирање на персоналот на Европската комисија од страна на унгарските разузнавачки служби во времето додека тој беше постојан претставник на Унгарија (во ЕУ). Комесарот рече дека тоа не му е познато. Тоа е се што можеме да ви кажеме, изјави Пињо. 

Прашањето се однесуваше на наводите изнесени минатата недела во заедничка истражувачка сторија на неколку европски медиуми, меѓу кои и белгискиот „Тајд“, германскиот „Шпигел“ и австрискиот „Стандард“, дека Унгарија наводно веќе со години ги шпионира институциите на Европската Унија преку тајна мрежа на разузнавачки агенти. Според наводите, ваквите активности се координирале преку Постојаната мисија на Унгарија при ЕУ, дури и во времето кога унгарски амбасадор во Унијата беше актуелниот еврокомесар Вархеји.  

На дополнително прашање дели Фон дер Лајен „е задоволна од ваквиот одговор“ на Верхеји, Пињо додаде дека претседателката е задоволена што можеше да разговара со комесарот за ова прашање. 

– Во меѓу време, интерната група што беше формирана да спроведе истрага за ова прашање ќе продолжи со својата работа, речи Пињо. 

На прашање дали додека трае истрагата се преземени некакви мерки или ограничувања на пристап до доверливи документи за Варехји, портпаролот на Еврокомисијата, Балаж Ујвари одговори дека нема што уште да додаде на веќе кажаното во врска со ова прашање. 

Тој нагласи дека интерната група која е формирана со цел да ги истражи изнесените наводи ја врши својата тековна работи и дека поради карактерот на истрагата во моментов нема што друго да додаде околу тоа прашање.