Connect with us

Свет

Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по вторпат во рок од два дена разговараше телефонски со актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Зеленски и Трамп разговарале и вчера, а денеска повторно оствариле контакт, откако украинскиот претседател претходно имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Според соопштението на Киев, двајцата лидери разговарале за зајакнување на противвоздушната одбрана и за зголемување на капацитети на Украина со голем дострел.

„Разговаравме и за повеќе детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог, а нашите тимови веќе ја прават потребната подготовка“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Вчера украинскиот лидер го повика Трамп да посредува за постигнување мир во Украина по примерот на спогодбата за прекин на огнот во Газа.

„Ако една војна може да запре во еден регион, тогаш и другите војни може сигурно да бидат запрени, вклучително и оваа што ја води Русија“, му рекол Зеленски на Трамп.