Свет
Северна Кореја и Виетнам потпишаа договори за соработка во одбраната, надворешните работи и здравството

Северна Кореја и Виетнам потпишаа договори за соработка во одбраната, надворешните работи и здравството, јави државната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА.
Агенцијата не објави дополнителни детали за договорите.
Лидерот на Виетнамската комунистичка партија, То Лам, оваа недела предводеше делегација во Пјонгјанг за да присуствува на прославите по повод 80-годишнината од основањето на Корејската работничката партија. Тоа беше прва посета на виетнамски лидер на Северна Кореја по речиси 20 години.
октомври 12, 2025