Свет
Шведска вложува 370 милиони долари во системи за заштита од дронови

Шведска ќе инвестира 3,5 милијарди круни (околу 370 милиони долари) во нови системи за одбрана од дронови, соопшти министерот за одбрана Пол Јонсон.
„Во последно време имаше нарушувања на воздушниот простор и се забележани дронови, што потсетува дека воздушните закани имаат сè поголема улога во современото водење војна“, напиша Јонсон на социјалната мрежа Икс.
Шведска, која е членка на НАТО, ќе набави системи за неутрализирање на беспилотни летала, ќе распореди дронови-пресретнувачи на своите воздухопловни бази и ќе постави сензори за електронско заглушување, додаде министерот.
Во последните недели, во европското воздушно пространство сè почесто се забележуваат дронови кои предизвикуваат загриженост кај авијациските власти. Поради тоа растат стравувањата дека европските сојузници на Украина би можеле да станат цел на хибридни напади. Русија негира вмешаност во овие инциденти.
октомври 11, 2025