Свет
Јапонската партија „Комеито“ ја напушта владејачката коалиција

Јапонската партија „Комеито“ ќе ја напушти владејачката коалиција во Јапонија, која ја формираше со Либерално-демократската партија (ЛДП), јави јјапонската јавна телевизија НХК.
Ова претставува историска промена во алијансата која, со исклучок на три години, управува со Јапонија од 1999 година.
Повлекувањето на „Комеито“ може да ѝ го отежни патот до премиерската функција на новата лидерка на ЛДП, Санае Такаичи.
За да биде потврдена како премиерка, потребна и е парламентарна поддршка од коалициониот партнер на нејзината партија.
Лидерот на „Комеито“, Тецуо Саито, денеска ја информирал Такаичи за одлуката да се прекине 26-годишното партнерство меѓу двете партии.
Не е јасно дали „Комеито“ ќе продолжи да ја поддржува ЛДП при гласањата во парламентот. ј
октомври 11, 2025