Connect with us

Свет

Киев најавува поголем увоз на природен гас поради штети од руските воздушни удари

Украина планира да го зголеми увозот на природен гас за околу 30 проценти поради руските воздушни напади врз нејзината гасна инфраструктура, соопшти министерката за енергетика Светлана Гринчук.

Гринчук на брифинг во Киев изјави дека разговарала со земјите од Г7 за можноста за дополнителен увоз на гас.

Таа посочи дека воздушните напади предизвикале „значителни“ штети врз производствените капацитети на Украина, но одби да открие детали.

Според неа, цел на нападите била регионалната гасна инфраструктура, како и постројки за пренос на електрична енергија во области блиску до фронтот. Гринчук додаде дека земјата размислува и за зголемување на увозот на втечнет природен гас.