Хроника
Пријавени два обиди за измама на стари лица во Куманово

Во СВР Куманово, 90-годишна кумановка и 77-годишник од Куманово вчера пријавиле дека едно лице се обидело да ги измами.
Според пријавеното, како што соопшти МВР, лицето им се јавило на телефон и им кажало дека наводно членови од нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои прегазиле дете и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат во затвор. Тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
октомври 3, 2025