Хроника
Кривична пријава против четири лица за предизвикување општа опасност во Битола

СВР Битола до ОЈО Битола денеска поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ. (40) од Битола и П.Д. (38) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-На 12 јули годинава, околу 02:05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело, соопштија од СВР Битола.
Вчера и денеска по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола извршени се претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што пронајдени биле една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела.
Од Секторот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ.
септември 21, 2025