Connect with us

Кошарка

Евробаскет 2025: Полска преку БиХ до четвртфиналето

Кошаркарската репрезентација на Полска е петтата селекција која избори четвртфинале на Евробаскет 2025. Во денешниот дуел од осминафиналето Полска ја совлада Босна и Херцеговина со 80:72 (14:23; 26:21; 22:17 и 18:11).

Почетокот на натпреварот мина во знак на БиХ, која ја доби првата четвртина. Но, полскиот тим постепено фаќаше ритам и во финишот на третата четвртина за првпат стигна и до минимално водство, додека во последната четвртина имаше и постојана контрола над резултатот. Џордан Лојд во составот на Полска со 28 поени беше најефикасен, додека Матејуж Понитка имаше 19 поени и 11 скокови.

Полска во четвртфиналето во вторник ќе игра против Турција.

Денеска се играат уште три осминафинални натпревари: Франција – Грузија (почеток 14:15 часот), Италија – Словенија (почеток 17:30 часот) и Грција – Израел (почеток 20:45 часот).