Connect with us

Кошарка

Евробаскет 2025: Ново изненадување Грузија ја елиминира Франција

Кошаркарите на Грузија со победата од 80:70 (24:20; 14:17; 20:17 и 22:16) против Франција успеаја да изборат четвртфинале на Европското првенство во кошарка. Тие во осминафиналето го совладаа фаворитот Франција и во четвртфиналето в среда ќе играат против Финска.

Натпреварот беше изедначен, а Грузија предводена од поранешниот селектор на македонската репрезентација Александар Џикиќ почесто беше во водство. Во последната четвртина по 68:68 Грузија беше поуспешна и успеваше да ги реализира нападите, за разлика од Франција и заслужено стигна до победата. Торнике Шенгелија и Кармел Болдвин од Грузија со по 24 поени беа најефикасните на натпреварот.

Денеска се играат уште два осминафинални натпревари: Италија – Словенија (почеток 17:30 часот) и Грција – Израел (почеток 20:45 часот).