Connect with us

Кошарка

Уште еден Американец во составот на КК Пелистер

Екипата на КК Пелистер продолжува со комплетирање на играчкиот ростер за новата сезона. Тимот од Битола потпиша договор со уште едно американско засилување.

Станува збор за Џордан Скипер Браун, Американец кој настапува на позицијата крилен центар и треба да даде цврстина во рекетот во одбраната, но и да биде значајна опција плус во нападот.

Скипер Браун по настапите во НЦАА-лигата првиот европски предизвик го имаше во белгиски Лувен, а потоа настапуваше и за тимот на Брисел. Една година мина во словенечкиот шампионат, а пред две сезони беше дел од силната ВТБ-лига и тоа како член на Астана.

Ланската сезона Скипер Браун со успех настапуваше за турскиот тим Трабзон.

Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис.