Кошарка
Евробаскет 2025: Германија со една четвртина до убедлива победа

Кошаркарите на Германија изборија четвртфинале на Евробаскет 2025 откако попладнево го совладаа тимот на Португалија со 85:58 (17:12; 14:20; 21:19 и 33:7).
Германија одигра одлична последна четвртина и откако на крајот од третиот период беше 52:51 во последните десет минути германскиот тим погоди седум тројки од десет обиди откако претходно имаа 3/26 шут за три поени. Најефикасни кај победничкиот тим беа Денис Шредер и Франц Вагнер со по 16 поени.
Во четвртфиналето Германија ќе игра со победникот од утрешниот натпревар Италија – Словенија.
септември 7, 2025