Connect with us

Кошарка

Американци против остатокот на светот на Ол-стар викенд

Раководството на НБА лигата размилува за воведување новина на Ол-стар викендот. Како што наведува на еден американските познавачи на случувањата во НБА лигата Шемс Чаранија љубителите на НБА лигата ќе добијат нешто што долго време го посакуваат. Во план е одигрување натпревар меѓу Американци и остатокот на светот. 

Според неговите тврдења од 2026 година ќе се игра по принципот три тима со по осум играчи, два ќе бидат составени од Американци, а еден од остатокот на светот. За сега за оваа идеја има позитивно мислење и се очекува наскоро да биде и официјално објавена. Секако дека ова може да донесе нова димензија на Ол-стар викендот.