Connect with us

Кошарка

Клиперси се обвинети за заобиколување на ограничувањето на платите во НБА

Лос Анџелес клиперс и сопственикот на клубот, Стив Балмер, се обвинети за заобиколување на ограничувањето на платите во НБА со тоа што му платиле 28 милиони долари на Кавај Ленард, објави „ESPN“.

Според поткастерот Пабло Торе, клубот му платил на Ленард преку сега банкротираната компанија „Аспирејшн“, во сопственост на Балмер. 

Кошаркарот потпишал четиригодишен договор за спонзорство вреден 28 милиони долари во април 2022 година преку неговата компанија „LLC KL2 Aspire“. Договорот дојде девет месеци откако Ленард потпиша четиригодишен договор од 176,3 милиони долари за да остане со Клиперси, максималниот дозволен износ според колективниот договор на НБА во тоа време. Неименуван вработен, за кој се верува дека работел за „Аспирејшн“, рече дека исплатата на Ленард била „неопходна за да се заобиколи ограничувањето на платите“.

Портпаролот на НБА, Мајк Бас, потврди дека лигата ќе спроведе истрага: „Свесни сме за медиумските извештаи утрово во врска со Лос Анџелес Клиперс и започнуваме истрага“.

Клиперс ги отфрлија сите обвинувања.

– Ниту г-дин Балмер ниту Клиперс не го заобиколија ограничувањето на платите, ниту пак направија некаков прекршок во врска со оваа компанија. Секое спротивно тврдење е очигледно лажно, соопштија од клубот.

Компанијата која го исплатила Ленард поднесе барање за банкрот во март 2025 година и е под федерална истрага за измама.