Кошарка
Американецот Прајс нов кошаркар на Пелистер

Американецот Остин Прајс е нов кошаркар на Пелистер. Тој потпишува договор на една сезона.
Дваесет и деветгодишниот Прајс кој игра на бековската позиција е второто странско засилување за битолчани. Претходно беше потпишан договор со Никола Малешевиќ.
Прајс минатата сезона настапуваше во романскиот шампионат Плоешти и оствари просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар.
Американецот претходно три сезони мина во холандски Ден Бош, беше дел и од израелскиот шампионат како член на Макаби Ра’анана и на Ирони Нес Зиона, а прв ангажман во Европа му беше потписот за бугарски Берое во 2019 година.
Прајс ќе пристигне во Битола во текот на денешниот ден и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Даскаловски.
септември 5, 2025