Кошарка
Евробаскет 2025: Германија убедлива против Финска за прво место во групата

Кошаркарската репрезентација на Германија вечерва во последниот дуел од 5.коло од Б групата го совлада ко-домаќинот Финска. Германците беа убедливи во текот на целиот натпревар и стигнаа до победа со 91:61 и ова за нив беше триумф број 5 за прво место во групата.
На другите два дуела од оваа група Црна Гора – Велика Британија 83:89 и Литванија – Шведска 74:71.
Во групата А во Рига во дуелите од 5.коло: Португалија – Естонија 86:83, Летонија – Чешка 109:75 и во дербито Турција – Србија 95:90.
Табела А група: Турција 5-0 (победи-порази), Србија 4-1, Летонија 3-2, Португалија 2-3, Естонија 1-4, Чешка 0-5.
Табела Б група: Германија 5-0, Литванија 4-1, Финска 3-2, Шведска 1-4, Црна Гора 1-4, Велика Британија 1-4.
Во осминафиналето на 6.септември во сабота ќе играат: Турција – Шведска, Србија – Финска, Летонија – Литванија и Португалија – Германија.
септември 4, 2025