Кошарка
Евробаскет 2025: Победа на БиХ над Грција, која настапи без Јанис

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со триумфот попладнево над Грција ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето на Евробаскетот. БиХ оствари победа од 80:77. Фаворитот Грција го претрпе првиот пораз на шампионатот, а и денеска настапи без првиот играч повредениот Јанис Адетокумбо. Тој има повреда на коленото. Грција во последното коло ќе игра против Шпанија.
Грција со скор 3-1 (победи-порази) е прва во групата Ц и веќе има обезбедено пласман во следната фаза. БиХ имаат биланс 2-2, Шпанија и Италија 2-1, Грузија 1-2 и Кипар 0-3. На другите два дуела од 4.коло од групата играат: Кипар – Грузија (почеток 17:15 часот) и Шпанија – Италија (почеток 20:30 часот).
Минимална победа 92:89 над Белгија постигна Израел за пласман во осминафиналето. Во групата Д во Катовице денеска во четвртата рунда ќе играат уште: Исланд – Словенија (почеток 17 часот) и Франција – Полска (почеток 20:30 часот).
септември 3, 2025