Connect with us

Кошарка

Евробаскет 2025: Литванија продолжува без плејмејкер

Сериозен проблем има кошаркарската репрезентација на Литванија на Евробаскетот. Литавнскиот состав до крајот на првенството ќе биде без првиот плејмејкер Рокас Јокубаитис.

Тој на вчерашниот дуел со Финска, кој неговата репрезентација го доби со 81:78 го нашушти теренот поради повреда. Во финишот на дуелот дојде до удар со противнички играч, а Јокубаитис падна и потоа со придружба на медицинските лица беше однесен во соблекувалната.

Прегледите покажаа дека тој нема да може повеќе да настапува. Јокубаитис ќе замине за Минхен и со докторите на неговиот нов тим (Баерн) ќе направи нови прегледи за да се одреди точниот степен на повредата.

До повредата плејмејкерот на Литванија имаше учинок од 17,3 поени и 8,5 асистенции по натпревар.