Скопје
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката

Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожарот, кој денеска околу 16:00 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Како што соопшти МВР, полицајците и пожарникарите спречиле пожарот да ги зафати моторните возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.

-Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика, нагласи МВР..
Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.
септември 1, 2025