Connect with us

Кошарка

ФИБА со признание на кошаркарската федерација за успешна организација на ЕП У-16

За успешната организација на Европското првенство за кошаркари до 16 години, нашата федерација доби признание од ФИБА.

– Кошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до сите институции, организации и поединци кои дадоа огромен придонес во успешната организација на Европското младинско првенство во кошарка 2025 година во Скопје. Импресивниот обем на учесници и одиграни средби уште еднаш ја потврдува способноста на нашата земја да биде достоен домаќин на најзначајните спортски настани. Нашиот труд и посветеност беа препознаени и од ФИБА, која упати високи пофалби за организацијата и за начинот на работа на нашата федерација, а воедно беше врачена посебна плакета со признание за самата организација, соопштија од кошаркарската федерација. 

На Европското првенство во Скопје учество земаа вкупно 22 национални селекции, кои одиграа 81 натпревар во текот на турнирот.