Општини
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5 проценти.
август 30, 2025