Connect with us

Кошарка

Србија оствари рекордна победа против Кипар

Кошаркарската репрезентација на Србија оствари рекордна победа совладувајќи го Кипар со 122:55. Ова беше пријателски натпревар во пресрет на претстојниот Евробаскет, каде Кипар ќе настапува како ко-домаќин.

Селекцијата на Србија по триумфот над Грција синоќа, денешниот дуел го одигра без неколку од главните играчи, на кои селекторот Светислав Пешиќ им даде одмор. Најефикасен на дуелот беше Тристан Вукчевиќ со 24 поени.

Во составот на Србија го немаше ниту Василије Мициќ, кој ги пропушти двата дуела во Лимасол поради повреда.