Connect with us

Хроника

При акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки

СВР Тетово информира дека ноќеска во 03.50 часот во угостителски објект во градот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. Лишувањето од слобода следувало по спроведувањето на акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово.

-Полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект. Странските државјанки биле приведени и здржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој. Во полициска станица бил задржан и сопственикот на објектот, информираат од СВР Тетово.

По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 212 од Законот за странци – „помагање на странец при незаконит престој“.