Connect with us

Хроника

Полицијата го утврди идентитетот на лицата кои во центарот на Струмица се тепаа со секира

По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара.

Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во трепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.

Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот побегнал е објавен централен распис за негово пронаоѓање, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава