Connect with us

Хороскоп

Три хороскопски знаци со кои е тешко да станеш вечен пријател


Скорпија

Скорпиите се познати по тоа што секогаш го добиваат тоа што го сакаат и не дозволуваат никој да им застане на патот. Скорпиите знаат да бидат претерано доминантни. Кога ќе се налутат, можат да избувнат на најстрашните можни начини. Кога се љубоморни или полни со омраза, разумот сосема ги напушта. Ако Скорпијата мисли дека сте ја излажале или изневериле, нема да има дискусија. Само ќе ве „отпише“ од нејзиниот живот и најверојатно ќе почне да крои планови за одмазда.

Близнаци

Близнаците делуваат многу шармантно и опуштено, но тешко е да се задржи нивното внимание. Тие се многу чувствителни и понекогаш премногу лично ги сфаќаат работите. Го мислат дека не ги почитувате или се чувствуваат повредени, почнуваат да глумат дека се рамнодушни. Близнаците кажуваат едно, а потоа прават нешто сосема друго. Со нив никогаш не можете да знаете на што сте.

Водолија

Сигурно си мислите дека лесно би можеле да се спријателите со Водолиите, со оглед на тоа што тие ги прифаќаат другите луѓе и нивните мислења. Меѓутоа, тие имаат големи проблеми со емоциите, па затоа знаат да бидат многу напорни. Водолиите воопшто не сочувствуваат со другите луѓе, а очекуваат од нив да бидат свесни за нивната чувствителност. Тие нема да ви кажат што им пречи и зошто се вознемирени, но ќе очекуваат да ги разберете нивните чувства. Никогаш нема да знаете дали Водолиите ве обожаваат или не можат да ве поднесат.