Рецепти
Крем супа со телешко месо и компири

Потребни состојки:
4 големи компири, 2 корени од целер, 4 моркови, 1 главица кромид, 150 гр. телешко месо, 100 мл. млеко, 50гр. путер, 2 лажици брашно, магдонос, сол и црн пипер, говедска коцка за супа, вегета.
Подготовка:
Во тенџере на оган во солена вода ставете го телешкото месо да се вари, заедно со компирите, целерот, морковот и кромидот. Откако зеленчукот ќе омекне, извадете го и изматете го со миксер се додека смесата не се соедини.
Вратете ја смесата од зеленчук во тенџерето, па додадете ја коцката за супа и наросете вегета, сол и црн пипер по желба.
Во посебно тавче на оган ставете го путерот. Кога ќе се растопи, додадете ги брашното и пржете околу една минута со постојано мешање. Потоа полека додавајте го млекото и постојано мешајте за да не се направат грутки.
Откако смесата со путер, брашно и млеко ќе стане хомогена, додадете ја во супата и промешајте. Варете ја супата на тивок оган уште 5-7 минути. Откако ќе се свари, тргнете го тенџерето од оган и додадете ситно сецкан магдонос.
јули 27, 2025