Рецепти
Динстан мускул

Потребни состојки:
1 кгр. Говедски мускул, 1 главица кромид, половина тиквичка, лук, зачин Ц, масло за јадење, сол и црн пипер
Начин на подготовка:
На даската за сечење го земаме говедскиот мускул И го сечеме на поголеми парчиња. Парчињата месо ги ставаме во тенџере.
Зачинуваме и потоа додаваме И лист од ловор. Ги ставаме чешнињата лук и посолуваме. Потоа наросуваме со мелен црн пипер И додаваме 2 дл. Вода. Ставаме масло за јадење И тенџерето затворено со капак го ставаме на оган.
Во меѓувреме на тиквичката ја сечкаме на помали парчиња. За време на варењето содржината во тенџерето ја промешуваме и ги додаваме парчињата тиквичка.
Потоа ја сечкаме главицата кромид, па И парчињата кромид ги додаваме во тенџерето. Додаваме зачин. Додаваме уште 2 дл. вода и масло за јадење. Тенџерето го затвораме со капак и оставаме содржината во него месото да се динста.
Потоа на даската за сечење доматот го сечеме на парчиња, па и него го додаваме во тенџерето. Откако се убаво ќе се издинста го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со голема лажица вадиме од содржината во тенџерето и ставаме на чинија за сервирање. Магдоносот ситно го сечкаме и го ставаме врз динстаниот мскул. Декорираме со гранчиња француски магдонос и со тоа динстаниот мускул е подготвен.
јули 27, 2025