Рецепти
Десерт: Алва со бадеми

Потребни состојки:
50 гр. бадеми, 2 чаши шеќер, 150 гр. путер, 1 чаша гриз, 3 чаши вода
Начин на подготовка:
На оган ставаме едно тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие.
На даската за сечење крупно ги рендаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме ренданите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат.
Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. путер и промешуваме со лажица за путерот побрзо да се растопи. Откако шеќерот и путерот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми.
Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата.
На оган ставаме тенџере и во него ставаме путер и чоколадо за готвење да се растопат. Откако Путерот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да са стегне.
Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми.
Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив.
Потоа парчињата ги редиме на чинија за послужување.
Ги украсуваме со детелинки од лупени бадеми.
јули 27, 2025