Connect with us

Кошарка

Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс уште две години

Ветеранот Џејмс Харден ќе потпише нов двегодишен договор од 81,5 милиони долари со Лос Анџелес Клиперс, објави ЕСПН.

Харден, кој ќе наполни 36 години пред почетокот на следната сезона, одигра 79 натпревари (сите како стартер) за тимот во сезоната 2024-2025 и имаше просек од 22,8 поени, 8,7 асистенции и 5,7 скока, иако неговиот процент на шут за три поени се намали од 38,1% претходната година на 35,2%.