Регулаторна комисија предлага минимална и максимална просечна тарифа за цената на вода, а која цена ќе ја избере е одлука на Јавното комуналното комунално претпријатие, во овој случај ЈКП „Исар” од Штип, кое Предлог одлуката ја доставува до Советот на Општина Штип
Од почетокот на 2021 година, Преспанско Езеро се зголемило за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36. Веста за зголемување на нивото на езерото, на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.
Намалена видливост поради магла има на патниот правец Маврови Анови – Бунец и на патот Тетово-Лисец.
Општина Битола ќе ги обесштети нејзините жители кои претрпеле штета врз имотот за време на неодамнешната поплава во тој град.
Општина Маврово и Ростуше, во текот на минатата година, доделила 33 ваучери, односно еднократен паричен надоместок за новородени деца.
На денешната седница Владата донесе и Одлука за спојување на јавните здравствени установи Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп во Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Прилеп.
Крак од одводен канал во горниот дел на градот е претворен во депонија и узурпиран e од несовесни граѓани, соопштија денес од струмичкото комунално претпријатие.
Според РЦУК Куманово, Крива река сè уште е излеана кај Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечовце, додека Пчиња кај селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара.
Ерозија на земја поради интензивните врнежи од дожд се појави на потегот од православните гробишта кон ридот Балтепе во Тетово, па мештаните алармираат дека може да останат без своите куќи и стравуваат за животите. Во 2018 година поради ерозија се урна и една куќа.
Одрони од камења и земја на десеттина места од претпладнево го блокираат коловозот на магистралниот патен правец Кочани – Делчево, поради што е отежнато одвивањето на сообраќајот.