Министерот може утре сабајле да ме смени. Никогаш не сум добил скршена пара во 27 години колку што сум бил член во Комисијата, а посебно сега во овој момент кога сите работиме гратис и кога работиме под алтруизам и чувство да и помогнеме на државата, рече Караџовски.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно не чуствува одговорност за зголемување на бројот на носители на коронавирусот по олабавување на мерките од страна на Владата.
Во нервозна и помалку арогантна прес-конференција Претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски истакна дека тие како комисија предложиле карантински викенд за Рамазан Бајрам и не можат да бидат виновни што Владата се одлучила да не го прифати нивниот предлог.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контрола во спроведувањето на мерките, заради тоа што секое прекршување мора да се детектира и да се санкционира.
Одговорајќи на новинарски прашања Претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не чувствува одговорност поради зголемениот број на новоинфицирани случаи со коронавирус во нашата земја и додаде дека не убил никого па да чувствува одговорност.
„Ние не сме владини луѓе. Ние сме професионалци од областа. Јас сум 27 години професионалец, во 13 министерски влади што биле претходно. Венко Филипче ми е 13-ти министер. Пред да ме опаљкавате во медиуми, цврст сум како куче- затоа ќе издржам – порача д-р Караџовски.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски смета дека зголемувањето на бројката на заразени со коронавирусот е резултат на непочитувањето на превентивните мерки, како неносење заштитни маски, непочитување на групирањето, и семејните собирања за ифтарските вечери и Рамазан Бајрам.
Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.
Од скопските општини според податоците на институтот за јавно здравје најмногу заболени граѓани со смртоносниот вирус има во Чаир, а по него следат Центар и Бутел. Заклучно со вчера ситуацијата е следна: