Одговорајќи на новинарски прашања во нервозен и арогантен стил, Претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски рече дека не го знае мотивот за тоа што го чита во медиумите дека ќе се собираат потписи за негова смена и додаде дека додека медиумите го „опаљкавале“ тој ќе ги издржел сите напади бидејќи бил силен како куче.

„Ние не сме владини луѓе. Ние сме професионалци од областа. Јас сум 27 години професионалец, во 13 министерски влади што биле претходно. Венко Филипче ми е 13-ти министер. Пред да ме опаљкавате во медиуми, цврст сум како куче- затоа ќе издржам – порача д-р Караџовски.