Министерот може утре сабајле да ме смени. Никогаш не сум добил скршена пара во 27 години колку што сум бил член во Комисијата, а посебно сега во овој момент кога сите работиме гратис и кога работиме под алтруизам и чувство да и помогнеме на државата, рече Караџовски.

- Не сум нервозен ако мислите дека сум нервозен. Ви реков дека Комисијата е именувана од страна на министерот Филипче. Утре сабајле може сите да не разреши и да донесе нови 20 луѓе. Второ ако мене прашувате, треба некој да ми каже зошто би барале оставка од мене. Оставка од мене може да побара само Филипче. Тој ме именува тој ме разрешува. Но треба да има аргументи зошто би побарал само оставка од мене кога во комисијата има 20 луѓе, потенцираше Караџовски.