Connect with us

Регион

Вучиќ: Се извинувам за изјавата на министерот Братина, никој нема да убива студенти

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им се извини на сите студенти и граѓани за изјавата на министерот за информации Борис Братина кој рече дека „полицијата има право да тепа и убива студенти“.
„Првпат ја слушнам изјавата на Братина. Јас лично им се извинувам на сите студенти и граѓани на нашата земја. Таква изјава не може да постои“, рече Вучиќ на прес-конференција по консултациите со политички партии.

Вучиќ истакна дека во земјата каде што е претседател, никој нема да убива студенти.

Ректорскиот колегиум и деканите на факултетите на Универзитетот во Белград вчера побараа политичка одговорност од министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ и министерот за информации Борис Братина –  Глишиќ рече „не ги праќајте вашите деца во блокадерски факултети, ќе ви ги вратат во ковчези“, додека Братина рече дека младите луѓе не се свесни дека „полицијата има право да тепа и убива“. 

Вучиќ нагласи дека во Европа претстои многу тешко време и дека не станува збор само за прашање на нафтата, иако ќе има големи проблеми, а додаде дека и Франција, која има една од најмоќните нафтени компании и нафтени здруженија во светот, има проблеми.

Тој изјави дека веднаш по Велигден ќе закаже состанок и ќе ја повика целата влада и сите служби за да разговараат за подготовките за она што тој го нарекува најтешка криза што го погодува светот.

„Најмоќните европски сили имаат и ќе имаат проблеми со тоа…Очекувам продолжување на кризата, имав разговори со сите, очекувам продолжување на воениот судир, и продолжувањето на таа војна ќе доведе не само до недостиг на нафта, веќе има недостиг на пластика, ќе доведе до исчезнување на разни важни делови во најважните, стратешки важни индустрии низ целиот свет“, рече Вучиќ. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1