Connect with us

Кошарка

Вембањама повреден – неизвесен е до крајот на сезоната

Екипата на Сан Антонио која се наоѓа на второто место на Запад со скор 60-19 (победи-порази) се соочува со голем проблем откако најдобриот играч Виктор Вембањама го пропушти вториот дел од дуелот со Филаделфија. Сан Антонио победи 115:102, а кандидатот за МВП наградата по 16 минути и 17 поени го напушти теренот поради контузија на левото ребро.

Стручњакот за повреди Џеф Стотс истакна дека овој тип на повреди можат да донесат пауза од четири дена, но сепак потенцираше дека овој тип на повреди тешко можат да бидат дијагностицирани со рендгенска снимка, па кошаркарот ќе има и дополнителни испитувања.

Сан Антонио до крајот на регуларниот дел има да одигра уште три натпревари, а Вембањама мора да настапи на најмалку еден натпревар (најмалку 20 минути) за да го исполни условот од 65 натпревари и да биде во конкуренција за индивидуалните сезонски награди.

Во моментов Французинот е еден од најсериозните конкуренти за МВП наградата, избор во Ол-стар петорката и за најдобар одбранбен играч. Тој во просек има 24,9 поени; 11,6 скокови; 3,1 асистенција и 3,1 блокада по натпревар.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1