Connect with us

Економија

„Стандард и Пурс“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа.

Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските цени на енергијата, инфлацијата бележеше значително намалување и изнесуваше 2,9% во февруари. Се очекува дека инфлацијата ќе се зголеми во наредните месеци, но на среден рок, инфлацијата кај храната и услугите би се нормализирала, при што вкупната инфлација би се движела од 2,0% до 2,5%, во просек.

Во вакви услови, се оценува дека Народната банка ќе води претпазливa монетарна политика, заснована на податоците за блискиот период, со приоритет на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. Се посочува дека евентуалното олабавување на монетарната политика би било постепено и би зависело од одржливото намалување на инфлацијата, додека зголемените инфлациски или надворешни притисоци би довеле до задржување или затегнување на политиката.

Покрај ова, се наведува дека Народната банка ја приспособила оперативната рамка на монетарната политика заради подобрување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на преносот на монетарната политика.

Во однос на банкарскиот сектор, се наведува дека тој и натаму е стабилен, со висока стапка на адекватност на капиталот (19,5%), како и солиден раст на депозитите и кредитната активност.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3