Connect with us

Економија

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, за одложување на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември.

Советот на странски инвеститори соопшти дека со интерес ја следи состојбата и укажува на сериозност на проблемот кој директно влијае на работењето на компаниите.

– Советот на странски инвеститори го поддржува изнаоѓањето на решение за македонските транспортери, бидејќи тоа значи заштита на инвестициите во земјата, овозможување на непречено движење на стоки, намалување на ризиците на индустриското производство, стабилност на работните места и на извозот во услови на исклучително високи ценовни притисоци на репроматеријалите и енергенсите, усложнување на логистичките рути поради кризата на Блискиот исток и висока глобална конкуренција, се наведува во соопштението

Маркетинг
Ad 3
Ad 4